Избегајте од градскиот метеж, уживајте и препуштете и се на природата,

разбудете го авантуристот во вас

Кораб Трница се наоѓа во срцето на националниот парк Маврово, нудејќи пејзаж  кој го одзема здивот, далеку од  секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Уникатен и единствен, комплексот нуди разновидни содржини. Во вашиот престој ќе имате можност да се приклучите на некоја од  незаборавните тури за јавање коњи, да ја вкусите вкусната традиционална храна од ресторанот Трница, , пловење со чамци на Мавровското езеро,  рафтинг на Радика, организирани излети, а бесплатно можете да бидете дел од организирано планинарење и берење плодови со локален водич, велосипедизам, риболов и останати активности.

Кораб Трница е компанија со традиција од 1945  година, оваа година комплексот е комплетно реновиран во ново руво достапно за сите, а се состои од хотел, ресторан, продавница, автокамп, фарма и млекара.

Располага со: WiFi, телефон, телевизија, фен ,бесплаен паркинг, сала за состаноци/прослави, мал базен, лоби бар, продавница.